дома Временска Прогноза Доаѓа зима: За викендот постудено и слаб снег на планините

Доаѓа зима: За викендот постудено и слаб снег на планините

За време на викендот синоптичарите најавуваат постудено време со северен ветер и услови за провејување слаб снег на планините.

Сончевото време со слаб до умерен северен ветер ќе преовладува уште утре. Веќе кон крајот на денот во петок и во сабота ќе дува засилен северен ветер и облачноста ќе се зголемува, а во сабота дневната температура значително ќе се намали.

Од недела повторно времето ќе биде стабилно, но со значително пониски утрински температури