April 24, 2024, 12:28 pm

ДОАЃА ПAHДЕМИЈА ПОЛОША ОД KOPOHA: Бафет – она што следува уште не сме го виделе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ворен Бафет, американски милијардер и гуру за инвестиции, во неодамнешното интервју за Си-Ен-Би-Си објави дека доаѓа друга пандемија, што може да биде полоша од пандемијата Ковид-19.

Тој е убеден дека и покрај фактот што донекаде е надмината пандемијата, светот не е подготвен да се справи со вонредната состојба. Тој е уште позагрижен за економските последици од ковид-19, што најмногу ги погоди малите бизнисмени, пишува Seebiz.eu.

– Милиони мали бизнисмени се страшно погодени – рече тој.

Од друга страна, на големите компании им оди доста добро, што значи дека економското влијание е многу нерамномерно, додава Бафет.

Во март минатата година, пандемијата затвори многу врати во економијата. Илјадници мали бизниси беа присилно затворени. Во меѓувреме, трговците на мало и големите онлајн продавници презедоа клиенти.

Сè уште не е готово – рече Бафет.

Најмногу е загрижен за непредвидливоста. Славниот милијардер во едно интервју призна дека и самиот доживеал моменти на финансиска несигурност затоа што не знаел што ќе се случи со авиокомпаниите во сопственост на железницата БНСФ и Нет Џет.

„Сите знаеме дека постои нуклеарна, хемиска, биолошка и сајбер закана и дека општеството сè уште не е подготвено да се справи со тоа“, рече Бафет. Следува пандемија каква што не сме ја виделе порано, заклучува тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This