дома Временска Прогноза ДОАЃА СНЕГОТ: Временска прогноза до вторник

ДОАЃА СНЕГОТ: Временска прогноза до вторник

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните часови и ќе дува засилен јужен ветер, на места над 70км/час.

 

 

 

Утре врнежите ќе бидат претежно во западните делови, а во недела насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2) во форма на невреме.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а на планините снег.

Ќе дува засилен северозападен ветер.

Погледнете какво време не` очекува до вторник.