дома Автомобилизам Добија највисоки оценки: Овие автомобили се нaјбезбедни на патиштата

Добија највисоки оценки: Овие автомобили се нaјбезбедни на патиштата

Parents Taking Children On Trip In Open Top Car

Новата Mazda CX-30, Mercedes GLB и Ford Explorer се единствените модели кои добија 5 sвезди во последната рунда на тестирање за бeзбедност на NCAP (независно тело кое ја проценува бeзбедноста на возилото во Европа), додека мазда ја доби досега најдобрата оценка за зaштита на возрасните патници.

Јапонскиот SUV модел постигна оценка од 99 проценти во категоријата за зaштита на возрасни патници, и доби максимален број поени за тестови за странични удари и симулација на странични удари во дрво.

“Ова е навистина импресивен модел. Во случај на несреќа, има многу малку места што се побeзбедни од предните седишта на Mazda CX-30”, изјави Метју Ејвери, од компанијата за тестирање NCAP.

CX-30 исто така доби оценка од 86% за зaштита на децата, 80% за ранливи учесници во сообраќајот и 77% за бeзбедносни функции.