дома Европа Доби неверојатни 220 милиони евра: Извлечена е најголемата добивка на европската лотарија...

Доби неверојатни 220 милиони евра: Извлечена е најголемата добивка на европската лотарија во последните 17 години

Најголемата награда на лотаријата во Европа, во износ од 220 милиони евра, беше извлечена синоќа на Евромилион, а победникот е од Франција, објави Француската лотарија (ФДЈ).
Среќниот добитник сега има шеесет дена да се појави на ФДЈ и да ја подигне својата добивка, што воедно е и најголемиот џек пот во историјата на европската лотарија од 2004 година.
Броевите што му донесоа среќа на победникот или победниците се 21, 26, 31, 34, 34, 49, 2 и 5.
Претходниот супер џекпот беше извлечен во Швајцарија на 26 февруари 2021 година и изнесуваше 210 милиони евра.

Во Франција, претходниот рекорден профит од 200 милиони евра беше извлечен во декември минатата година, објави Јутарњи лист.