дома Европа ДОБРА ВЕСТ ЗА БУГАРИЈА И ОНИЕ КОИ СЕ ЧУВСТВУВААТ БУГАРИ: Борисов најави...

ДОБРА ВЕСТ ЗА БУГАРИЈА И ОНИЕ КОИ СЕ ЧУВСТВУВААТ БУГАРИ: Борисов најави кога ќе се укинат визите за во Америка

Бугарскиот премиер Бојко Борисов соопшти дека во февруари во Бугарија треба да пристигне помошникот државен секретар за визи на САД и изрази надеж дека во рок од една година, една година и нешто Софија и Вашингтон ќе ја затворат оваа тема.

Борисов денеска заедно со американската амбасадорка во Бугарија Херо Мустафа раководи со Првата сесија на Бугарско-американскиот стратешки дијалог, којшто се одвива во Софија, јавуваат бугарските медиуми.

Во текот на 2019 година САД ги укинаа визите за државјаните на Полска. По оваа одлука, уште само четири членки на Европската Унија – Хрватска, Бугарија, Романија и Кипар – останаа во визен режим со САД.