дома Занимливости „ДОБРА ПРОФЕСОРКА“: Вики Миљковиќ го подготвува Стефан Величковски за „Ѕвездите на Гранд“!

„ДОБРА ПРОФЕСОРКА“: Вики Миљковиќ го подготвува Стефан Величковски за „Ѕвездите на Гранд“!

Во новата сезона на регионалното музичко шоу се претстави и македонскиот кандидат Стефан Величковски.

Според новите правила, секој кандидат ќе има ментор кој е некој од членовите на жирито, а Стефан за ментор ја одбра Вики Миљковиќ.

Деновиве Вики и нејзинта екипа полека ги подготвуваат кандидатите за вториот круг кој наскоро треба да се емитува на Канал 5 телевизија.

Имено, Вики не само што работи на доброто пеење на кандидатите туку има и цела екипа која се состои од стилист, психолог, фризер…

Во меѓувреме, Стефан на својот „Фејсбук“ сподели фотографија заедно со популарната пејачка.

Дали Миљковиќ била строга професорка не знаеме, а како го подготвила македонскиот кандидат останува да видиме.
Извор.вистина.мк