дома Македонија Добри вести за бројот на новозapaзени, десет лица ја загубиja битkaта со...

Добри вести за бројот на новозapaзени, десет лица ја загубиja битkaта со кopoнавирусот

Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 90, Охрид – 9, Битола и Штип – по 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Прилеп, Ресен и Виница – по 2, Куманово, Кичево и Струга – по 1.

Регистриран e 261 оздравен пациент од: Скопје – 132, Прилеп – 28, Битола – 17, Струмица – 10, Куманово – 9, Кочани – 8, Крива Паланка и Валандово – по 7, Штип и Пробиштип – по 5, Тетово и Делчево – по 4, Кавадарци, Кичево, Велес, Радовиш и Кратово – по 3, Ресен, Гевгелија, Богданци и Македонски Брод – по 2, Неготино и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (74г и 85г) и по едно починато лице од Кавадарци (78г), Кичево (84г), Неготино (71г) и Штип (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 22.11-18.12.2021 година. Починатите лица се од Тетово (2), Гостивар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 48г до 75г. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.