дома Свет ДОБРИ ВЕСТИ ОД АВСТРАЛИЈА: Научниците на чекор од создавањето на вакцина против...

ДОБРИ ВЕСТИ ОД АВСТРАЛИЈА: Научниците на чекор од создавањето на вакцина против коронавирусот

Научници од Австралија соопштија дека во лабораторија успешно развиле верзија на новиот коронавирус, што би можело да го забрза создавањето на вакцина.

Истражувачите од институтот за инфекции и имунитет, „Петер Доерти“ во Мелбурн, најавија дека примерок од коронавирусот кој го зеле од зарзен пациент, ќе го поделат со Светската здравствена организација и со лаборатории низ светот.

„Го имаме! Фантастично!“ рекол Мајк Катон, заменик директор на инситутот „Доерти“, објави „Еј-би-си Њуз“.

„Ова е голем чекор, придонесовме за решавање на дел од сложувалката“ потврдил Катон пред новинарите.

Смртоносниот коронавирус, кој е сличен на грип, изби кон крајот на 2019 година во централниот кинески град Вухан. Вирусот за два месеци се прошири и на други делови на Кина, но и на десетина други земји во светот.

И кинеските научници успеаа во лабораторија во Кина да развијат верзија на коронавирусот, но поделија секвенца од неговиот ген, а не цел примерок, пишува Ројтерс.