дома Македонија ДОБРОСОСЕДСТВОТО ЌЕ НИ СЕ УДРИ ОД ГЛАВА: Албанско-бугарски организации ги побугарчуваат Македонците...

ДОБРОСОСЕДСТВОТО ЌЕ НИ СЕ УДРИ ОД ГЛАВА: Албанско-бугарски организации ги побугарчуваат Македонците во Голо Брдо и Пустец!

Се надевам дека албанските парламентарци ќе покажат разбирање кон сопствените граѓани, бидејќи има петиција со околу 1.300 потписи од една организација за бугарско-албанско пријателство, и уште неколку стотици потписи од друга организација на нашите сонародници, изјави денес бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Станува збор за правата на албански граѓани со бугарско етничко потекло, кои сакаат албанскиот парламент да ги земе предвид нивните права, како и правата на другите малцинства, вели Ковачев кој е особено активен додека во Албанија се подготвува нов закон за малцинствата.

Тој тврди дека бугарската етничка заедница во Албанија е „непобитен факт“ и дека областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора има историски Бугари кои живеат таму со стотици години…

И дека уште во времето на Кралска Албанија имало објавени документи од тогашната тајна полиција за таканаречено бугарофонско население, кое според тогашните нивни податоци од 1935 година броело околу 11.000 лица со точни локации каде живеат.

Со предлог законот за заштита на малцинствата во Албанија, изготвен од страна на Владата, Тирана ги признава како малцинства Македонците, Грците, Власите, Црногорците, Србите, Бошњаците и Египќаните.

Нацрт-законот треба да биде изгласан во албанскиот парламент на 18-ти октомври.