дома Актуелно ДОГОВОРОТ ГО БРИШЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: Ако утре влеземе во ЕУ, Македонскиот јазик...

ДОГОВОРОТ ГО БРИШЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: Ако утре влеземе во ЕУ, Македонскиот јазик ќе биде непостоечки поради договорот со Бугарија!

– Ако Македонија се откаже од својот јазик и идентитет само за да влезе во Европската Унија, кога ќе се распадне овој сојуз македонците ќе останат без држава бидејќи сами си ја продале, вели Јакимовски.

Договорот за добрососедство со Република Бугарија е направен само во корист на бугарската страна и затоа сите пратеници во бугарскиот Парламент едногласно го поддржаа, вели лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Според него, грешно е да се потпише ваков договор, надевајќи се дека земјава поскоро ќе стане дел од Евроатланското семејство, бидејќи империи постоеле и во минатото, но откако тие биле урнати, останале државите.

– Ако Македонија се откаже од својот јазик и идентитет само за да влезе во Европската Унија, кога ќе се распадне овој сојуз македонците ќе останат без држава бидејќи сами си ја продале, вели Јакимовски.

Интервјуто го водеше Биљана Божиновска
АлфаТВ