March 29, 2024, 10:37 am

ДОГОВОРОТ Е НАЦИОНАЛНА КАТАСТРОФА: Татко ми кој е роден во Леринско ќе се смета за роден во Грција, а својот идентиет ќе го црпи од таму – и така е и со илјадници други Македонци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најдобар демант за она што го говори Заев е факторот време. Тој фактор покажува дека јас и ВМРО-ДПМНЕ разговаравме за надминување на разликите околу името како што не обврзува резолуцијата на ООН, но не го променивме името и идентитетот цели 11 години. – напиша екс-премиерот Груевски на социјалните мрежи

А тој прифати и спроведува промена на името „ерга омнес“ со промена на Уставот што недвосмислено влијае на менување на идентитетот. И со многу отстапки во договорот кои никогаш не биле предмет на разговор, а камоли отстапка.

Надвор од памет било да се прифати „ерга омнес“, што значи и промена на името во Уставот со име Северна или Горна или било каква Македонија. Па уште и сум се откажал од идентитетот. Само името на автопатот ги изнервирало Грците и затоа ја пропуштиле таа можност.

Ваков договор, со вакви елементи во него, со вакви отстапки во членовите на договорот, не сум ни можел да прифатам, бидејќи дел од прифатените работи не се ни барале од другата страна.

Сакаат да дефокусираат. Да зборуваме за се, само не за овој договор кој навистина е национална катастрофа.

Еве само еден пример. Според договорот на Заев, татко ми кој е роден во Леринско, 15-тина километри од денешната границата, е дел од историјата за која Грција доби експлузивно право со договорот и има право својот идентитет меѓудругото да го влече и од тој дел на историјата, а јас негов син, кој сум роден од другата страна на границата немам такво право. И така е и со илјадници други Македонци, не само оние со потекло од тој дел на Македонија. И со оние со потекло од овој дел на Македонија.

Кој е тој научник кој административната граница денес, ја претвори во историска и идентитетска граница.

И такви нелогичности има еден куп во овој договор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This