дома Балкан ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НЕМА ДА СЕ РАТИФИКУВА ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Катимерини пренесува...

ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НЕМА ДА СЕ РАТИФИКУВА ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Катимерини пренесува дека во Атина и Скопје имаат договор да го прекршат договорот од Преспа и неговиот рок за ратификација!

Повеќе грчки медиуми ја пренесуваат веста на весникот Катимерини дека владите во Атина и Скопје имаат договор да го прекршат договорот од Преспа во делот на рокот за негово ратификување од грчка страна.

Коалициониот партнер на премиерот Ципрас, вицепремиерот Каменос најавува дека неговата партија ќе ја напушти владината коалиција кога контроверзниот договор за Македонија ќе дојде во парламентот во Атина.

Според добро информираниот Катимерини за да се обезбеди дека коалицијата и владата нема да се распадне порано, Атина и Скопје направиле договор за прекршување односно на одложување на ратификацијата на Преспанскиот договор со цел спас на владата на Сириза и Независни Грци.

Весникот тврди дека според неформалниот договор прашањето за името нема да дојде во грчкиот парламент пред март, иако во рокот даден од Преспанскиот договор Македонија до средината на јануари мора да го ратификува во Собранието.

Како договорот ќе биде ставен настрана во период од најмалку 45 дена засега објаснување не даваат ниту Скопје ниту Атина.