дома Свет Договор падна – Спутник V оди во Турција и ќе се прави...

Договор падна – Спутник V оди во Турција и ќе се прави во Турција

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, денеска имаа телефонски разговор, при што договорија испорака на руската вакцина против ковид-19 во Турција. Тие разговараа и за можно производство на таа вакцина во Турција, информира Кремљ.

Тие разговараа за можностите за проширување на соработката во областа на борба против вирусот, вклучително и за потенцијалното доставување и организирање на производство на руски вакцини во Турција, се вели во соопштението.

Турција претходно објави дека е подготвена да ја регистрира руската вакцина против ковид- 19 „Спутник V” доколку ги мине локалните токсиколошки тестови.

Претставник на Рускиот фонд за директни инвестиции претходно за ТАСС изјави дека е постигнат договор со водечка турска фармацевтска компанија за производство на руската вакцина во Турција.