дома Свет Додека Безос ce cпpeмa зa лeт вo вceлeнaтa, 14.000 лyѓe мy пopaчyвaaт...

Додека Безос ce cпpeмa зa лeт вo вceлeнaтa, 14.000 лyѓe мy пopaчyвaaт дa нe ce вpaќa нaзaд

Повеќе од 14.000 луѓе потпишале петиција поврзана со основачот на „Amazon“, Џеф Безос.

Во пресрет на лансирањето на неговата ракета „New Shepard“ која ќе го одведе најбогатиот човек на светот и неговиот брат до суборбиталниот простор во јули, на интернет започна да кружи петиција која бара да им се забрани враќање на Земјата.

Петицијата е достапна на сајтот „Change.org“, а во неа се тврди дека Безос е всушност Лекс Лутор, маскиран како наводен сопственик на супер-успешна онлајн продавница. Всушност, тој е злобник кој тежнее кон глобална доминација.

Креаторот на петицијата, Хозе Ортиз, вели дека претстојниот вселенски лет на Безос е совршена прилика светот да се ослободи од наводниот злобник, а досега има собрано повеќе од 14.000 потписи за една недела. Ортиз вели дека е од круцијално значење заробувањето на Безос во вселената бидејќи само така „ќе можеме да го спречиме да активира 5G микрочипови и да го освои целиот свет“.