дома Свет Додиќ му честиташе на Трамп по одлуката на Сенатот дека не е...

Додиќ му честиташе на Трамп по одлуката на Сенатот дека не е виновен

Денес, Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик му честиташе на поранешниот американски претседател Доналд Трамп денес по одлуката на Сенатот да го ослободи од обвиненијата за наводно поттикнување на востанието на 6 јануари, кога неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот.

Додик оцени дека оваа одлука на Сенатот е „многу важна“ и дека со тоа се стави крај на обидот за политичка одмазда кон Трамп, кој беше „суверен лидер на САД и голем патриот кој ја сакаше својата земја“, објавија медиумите во Бања Лука.