дома Локално ДОЖДОТ НОСЕШЕ АВТОМОБИЛИ НА ВОДЊАНСКА: Жерновски го нема никаде – Трајановски и...

ДОЖДОТ НОСЕШЕ АВТОМОБИЛИ НА ВОДЊАНСКА: Жерновски го нема никаде – Трајановски и Трајовски веднаш заминаа во инспекција на Стајковци!

Силно невреме проследено со пороен дожд , кое утрово го зафати Скопје, предизвика вистински хаос на скопските улици. Водата носеше се пред себе, а сообраќајот се одвиваше отежнато. Најкритично беше на улицата Водњанска, каде колони возила “пливаа” во бујицата која од Водно носеше се пред себе.

Од УХМР предупредуваат дека претежно облачно време со засилен јужен ветер и со појава на врнежи се очекуваат денеска во текот на целиот ден. Наместа врнежите, особено на запад ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи, по некаде во форма на невреме.
Како што соопшти УХМР, утринската температура ќе се движи од 10 до 14, а дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со повремено засилен јужен ветер, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи во Скопската котлина. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Врнежи од дожд ќе има и во среда. Наместа локално вкупните измерени водени количества ќе надминуваат 60 л/м2. Врнежите ќе бидат повремено проследени со грмежи, засилен ветер, по некаде и во форма на невреме.
Во четврток на планините на север и на запад ќе има услови за слаби врнежи од снег.
Внежите кои паднаа во текот на ноќта, освен во западните делови на повисоките сливни подрачја, незначително влијаеа на водостоите на водотеците во државата. Новите врнежи кои се очекуваат во текот на следните 24 часа ќе ги зголемат водните количини во реките и суводолиците, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.