дома Локално Дожд проследен со врнежи од град во Делчевско

Дожд проследен со врнежи од град во Делчевско

Дождот кој долго време беше најавуван од синоптичарите како спас за опожарените подрачја во Пијанец и Малешевијата, попладнево конечно го зафати делчевскиот регион. Во делови од општината меѓу кои и селата Ѕвегор, Стамер, Град и село Вирче, како што информираат жители, регистрирани се и врнежи од град.
– Овде во село Град се е побелено од големите зрна. Повеќето од она што го имавме засадено во дворовите е уништено од градот, вели жител на селото.
Крупни врнежи од град се забележани и во близина на месноста Илин Камен и манстирот Св.Ичија во селото Ѕвегор.
Врнежи од дожд во моментот има и над селата Полето, Киселица, Очипала и Селник.