дома Македонија ДОКТОРИТЕ ИЗЛАЖАНИ: Платите зголемени за 10 проценти, но 15 проценти им се...

ДОКТОРИТЕ ИЗЛАЖАНИ: Платите зголемени за 10 проценти, но 15 проценти им се скратени парите кои ги добиваат за дежурства!

Во понеделник докторите треба да ја земат долгоочекуваната и ветената покачена плата од 10%. Ова покачување им го вети министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев. Но според неофицијални информации дознаваме дека ветеното покачување ќе биде само на основната плата, а ќе се намалат 15 проценти од дежурствата.

Фото: Фокус

Ако дежурствата им се сметаат по саати, еден саат од работен ден чини 300 денари, за дежурство се исплаќаат 170% или 510 денари. За жал за сето ова што се случува не беа запознаени докторите, а тоа значи дека по договорот, Заев, Филипче и Беговиќ, првиот синдикалец им свртеа грб на нив.

По ова најмногу настрадаа средниот медицински персонал, сестри, технички кои добиваат само 5 проценти покачување.