дома Социјални Мрежи ДОКТОРИТЕ ПУШАТ НА РАБОТНО МЕСТО: Се пушат цигари на хистопатологија, законот никој...

ДОКТОРИТЕ ПУШАТ НА РАБОТНО МЕСТО: Се пушат цигари на хистопатологија, законот никој не го ферма

Денес по социјалните мрежи се појави слика која ги запрепасти граѓаните. Во хистопатологија се пушат цигари, и има пепелници полни со отпушоци, во оддел каде што треба да се проверуваат ткивата на пациентите дали се заболени од нешто или не.

Еден од пациентите во државна клиника, имал закажано биопсија, му зеле примерок каде што едното ткиво го задржуваат, а другото му го дале завиткано, да го однесе сам на хистопатологија. Кога влегол таму забележал како докторка и доктор се над микроскоп и испитуваат ткиво со цигари во раце, а на бирото имало два пепелника полни со отпушоци.