дома Сцена ДОКТОР ОЗ: Измамник кој заработува милиони

ДОКТОР ОЗ: Измамник кој заработува милиони

Откако Опра Винфри го лансираше во шоу бизнисот, доктор Мехмет Оз од 2004 година усеал да маѓепса милиони гледачи ширум светот.

Со неговите емисии со совети за здравјето, кои во најмала рака знаат да бидат и чудни и надреални, заработува милиони продавајќи го своето шоу ширум светот, но и држејќи разни трибини, говори и слично.

Негов е изумот дека екстрактот од зелено кафе како со магија го симнува вишокот килограми.

За сите тврдења за одредени производи дека се вистинско чудо за човечкото тело, никогаш немал некакво наишно поткрепување.

Научниците подоцна направиле истражување и утврдиле дека тврдењата на Оз за зеленото кафе немаат никаква врска.

По обвиненијата дека ја измамил публиката, доктор Оз морал да се соочи со подкомитетот на Сенатот во 2014 година. Не срамејќи се, признал дека тоа што го зборува во емисиите можеби е претерано.

Еден британски медицински журнал спровел истражување и утврдил дека најмалку 4 од 10 тврдења што ги пласира во своите емисии на тема здравје се лажни.

Махмут Оз е обвинет и за рекламирање на други производи со лажен учинок, не само на оние за слабеење.

Неговиот авторитет дополнително е нарушен минатата година кога група од 10 научници од Универзитетот Колумбија, побараа тој да биде тргнат од местото председавач на одделот за хирургија, бидејќи во континуитет ја мами јавноста.

Извор: press24.hr