дома Македонија Долги колони на Табановце, се чека со часови за влез во земјава

Долги колони на Табановце, се чека со часови за влез во земјава

Редици автомобили долги по два километри се создадоа попладнето и вечерва на граничниот премин Табановце кон Србија, објави Алсат.

Автобусите чекаат од три до пет часа за да ја минат границата, а патниците, кои главно се враќаат во Македонија за новогодишните празници, се револтирани, пишува Алсат.

Според дел од патниците, има и автобуси кои поминуваат веднаш, без чекање, додека некои чекаат со часови.

Гужвата почнала да се создава околу пладне и оттогаш само се влошува, велат патниците.