дома Македонија ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО: Со зголемување на буџетот за 10 % за 2020...

ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО: Со зголемување на буџетот за 10 % за 2020 и само раст на БДП од 2 до 2,5 % како земја влегуваме во задолжување не само на живите туку и на идните генерации, вели Костовски

Во денешната емисија на ТВ Алфа „Што не е јасно“ гостуваше бизнисменот и поранешен градоначалник на Скопје Трифун Костовски. Тој кажа дека со зголемување на буџетот за 2020 година за 10 % во споредба со 2019 година и само раст од 2,5 % како земја отворено влегуваме во задолжување не само на постојаното население туку и на идните генерации.

-Денеска ако го погледнете проектираниот буџет на Република Македонија за 2020 година е зголемен за неполни 10 % во споредба со 2019 година а додека БДП на Македонија дали едвај расте со стапка 2 – 2,5 %. Тоа е отворено влегување во едно задолжување во кој што не ние се задолжуваме живите туку ги задолжуваме уште неродените односно идните генерации истакна Костовски.

Костовски додаде дека економијата не е зајакната и дека воопшто не е ставена во фокусот на интерес од политичките елити .