дома Здравје ДОМАШЕН СОК ЗА ИМУНИТЕТ: Од 6 природни состојки, се приготвува лесно и...

ДОМАШЕН СОК ЗА ИМУНИТЕТ: Од 6 природни состојки, се приготвува лесно и без готвење

Потполно природен и здрав сок кој ќе направи чуда за вашиот имунитет. Здрав сок без готвење, приготвен според стар рецепт, одличен за имунитет и анемија. А сè што ви е потребно за да го приготвите овој моќен напиток се: цвекло, јаболко, морков, лимон, мед и ѓумбир.

Потребни состојки: 4 поголеми лимони (ако не се многу сочни, тогаш ставете 6 лимони), 3 – 4 големи јаболка, 1 кг цвекло, 1 кг моркови, малку ѓумбир (по вкус), 1 тегла мед (700 г), но може да се заслади по вкус, 2 литри вода

Постапка: јаболката и зеленчукот убаво измијте ги и излупете ги, а потоа изрендајте ги во поголем и широк сад. Убаво со чисти раце (најдобро да ставите ракавици) истискајте ја смесата, така што ќе ги промешате состојките, но и ќе ги стимулирате да го ослободат својот сок.

Потоа прелијте ги со вода, садот покријте го со фолија или поклопете го со капак, па оставете да отстои 10-24 часови на ладно место, а ако е топло, најдобро во фрижидер. Следниот ден со помош на двојна газа исцедете го сокот и добро притиснете за да излезе колку е можно повеќе сок.
Во сокот додајте мед по ваш вкус, сок од свежо исцеден лимон и сок од ѓумбир (или ситно рендан). Добро промешајте за да се растворат состојките и изедначат, а потоа сокот складирајте го во претходно стерилизирани стаклени шишиња.
Чувајте го во фрижидер и најдобро е да го потрошите за мах седум дена, бидејќи не содржи конзерванс и може да се расипе.
Овој напиток треба да се пие секој ден, најдобро по една чаша наутро на гладно за да ви даде енергија и виталност. веќе после првата тура ќе се чувствувате многу поздраво, подобро, поенергично и полни со елан и радост во себе.