Норвешки Розенборг ја елиминираше Шкендија од Лига Европа, откако со 2-0 го совлада македонскиот првак на реванш натпреварот од плејоф колото за пласман во групната фаза од ова европско натпреварување. Претходно, Розенборг ја победи Шкендија со 3-1 на првиот натпревар, кој се одигра во Норвешка.
Во вториот дел македонскиот првак во 50. минута повторно можеше со пенал да дојде до водство, но гостинскиот голман Андре Хансен беше поуспешен и од Изаир Емини.
Меѓутоа, во останатиот дел од натпреварот Розенбор ги казни грешките на македонскиот шампион и со голот на Евен Ховланд во 67-та минута стигна до водство од 0-1, а 15-тина минути подоцна Торе Региниусен реализираше за победа на гостите од 0-2.