дома Македонија ДОМ бара caнкционирање на инволвираните за вaндализmoт во МНТ

ДОМ бара caнкционирање на инволвираните за вaндализmoт во МНТ

Партијата ДОМ го осудува вандалското однесување на посетителите во објектот на Македонскиот народен театар и бара од надлежните институции ефикасно разрешување на овој случај и соодветно санкционирање на сите инволвирани лица.

– Капацитетите на установите од областа на културата не треба да се користат за организирање настани со кои се руши угледот и се нанесува материјална штета на овие институции. Установите од областа на културата се бастион на уметноста и културата. Тие се јавно добро и им припаѓаат на граѓаните и на идните генерации. Затоа, должни сме да се однесуваме кон нив со достоинство и почит и да ги чуваме од уништување и вандализам – стои во партиското соопштение.

Во соопштението исто така, се посочува дека негувањето на културата и уметноста е од посебно значење и приоритет за секоја држава.

-Културата играла и ќе игра клучна улога во зачувувањето и промовирањето на вистинските етстетски и културни вредности, образованието и воспитувањето на идните генерации, зачувувањето на идентитетот и промоцијата на државата надвор од нејзините граници – наведе ДОМ во соопштението.