дома Балкан Донација од 30 000 кинески вакцини наскоро ќе пристигне во Црна Гора

Донација од 30 000 кинески вакцини наскоро ќе пристигне во Црна Гора

Кинеската донација од 30.000 вакцини „Синофарм“ ќе пристигне во Црна Гора до крајот на февруари, објави министерот за здравство на таа земја, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.

Боровиниќ Бојовиќ за РТЦГ изјави дека вакцинацијата ќе започне утре во Домот за стари лица во Рисан и најави дека ќе има четири пункта за вакцинација во Подгорица, и по еден во Голубовци и Зета, јави Танјуг.

„Сите здравствени центри се подготвени“, рече министерот и оцени дека државата е целосно подготвена за вакцинирање.

Таа рече дека до крајот на февруари се очекуваат уште 5.000 вакцини на „Спутник V“, а до крајот на март уште 50.000 дози од таа вакцина.