Донев: Да создадеме нова иднина – надградба на водоводни системи, изградба на феkaлна канализација и покривање на градскиот пазар во Демир Капија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Андон Донев, кандидат за градоначалник на Демир Капија на вечерашниот митинг рече дека програмата која е подготвена нуди нова иднина.

„Ова не е обична програма, туку програма со визија за Демир Капија, со неа ќе го вратиме сјајот на нашата општина”, рече Донев претставувајќи како што рече дел од визионерската програма.

Меѓу десетте топ проекти е надградба на водоводните системи во село Битринци, Дрен и др, изградба на фекална канализација во село Прждево и село Дрен, покривање на градскиот пазар во Демир Капија, уредување на крајбрежјето на река Бошава со нови содржини со печачки патеки, асфалтирање на улици, изградба на мала спортска сала за поттикнување и развивање на спортскиот дух во руралните средини Горешница и Бистринци, доизградба на детската градинка , уредување на просторот кај автобуската станица.

„Ќе работиме чесно и вредно, ќе работиме за унапредување на воспитно образовниот процес, ќе работиме за поддршка на спортот во општината, за инвестициски проекти од обласа на патната мрежа и транспортот, ќе го поддржиме земјоделието на нашата општина, за развој на алтернативниот пред се рурален туризам. Особено внимание ќе посветиме на младите за нивната иднина и да бидат дел од нашата Демир Капија”, кажа Донев.

Тој посочи дека од првиот ден општината ќе биде отворена, трошоците ќе бидат рационални, и дека ќе се работи чесно и вредно.

„Ќе покажеме дека не сме сите исти. Сите заедно да излеземе и почнеме со создавање на новата иднина. 17 октомври е денот кога ќе ја прославиме најголемата победа”, кажа Донев.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This