дома Македонија ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Во државните кapантини ќе бидат транспортирани граѓаните кои ќе пристигнат...

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Во државните кapантини ќе бидат транспортирани граѓаните кои ќе пристигнат на граничните премини

Владата на Република Македонија на вечерашната седница донесе Уредба преку која граѓаните кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот, соопшти владината прес-служба.

Владата апелира до граѓаните кои мораат да допатуваат во земјава да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини со цел да не се создава гужва и чекање.