дома Балкан ДОСЕГА НЕВИДЕНО НЕВРЕМЕ: Солун под вода по силното невреме – жителите објавија...

ДОСЕГА НЕВИДЕНО НЕВРЕМЕ: Солун под вода по силното невреме – жителите објавија нови снимки

Силно невреме го зафати грчкиот град Солун. Невремето проследено со грмотевици, град и силен ветер попладнево го погоди овој дел на Грција. Поради невремето, градската противпожарна служба добила повеќе од 300 повици за помош, пренесуваат грчките медиуми.

Спасена е жена која водата ја понела, а во тек е и спасување на заглавени луѓе во автомобили на мост поради високото ниво на вода, пренесува грчката агенција АНА.

Голем број продавници и куќи, како и градското собрание се поплавени од обилните врнежи, а улиците личат на реки.

Во некои делови од градот нема струја, а поради гром, кој удрил во меѓународниот аеродром во Солун, поради безбедносни причини, накратко е прекинато напојувањето на авионите со гориво, наведува грчката агенција.