дома КОВИД-19 (Коронавирус) Досега од koвид пoчинaле 2,64 милиони, зapaзени над 119,22 милиони од почетокот...

Досега од koвид пoчинaле 2,64 милиони, зapaзени над 119,22 милиони од почетокот на пaндемијата

Бројот на потврдени случаи на инфекција со корона вирус во светот надмина 119,22 милиони, што е зголемување за повеќе од 461 илјада дневно, соопшти Светската здравствена организација.

Според податоците објавени денеска од СЗО, бројот на смртни случаи е зголемен за повеќе од 8.400, надминувајќи 2,64 милиони починати пациенти.

Повеќе од 44 отсто од заразените, според податоците на СЗО, во изминатите 24 часа се потврдени во Северна и Јужна Америка (205.572), потоа следува Европа (176.241) и Југоисточна Азија (31.601).