дома Здравје Доцна во ноќта зачука срце, успешна првата тpaнсплантација на cpце во Македонија

Доцна во ноќта зачука срце, успешна првата тpaнсплантација на cpце во Македонија

Синоќа, во 2 часот и 43 минути по полноќ, тим хиурзи ја изведоа првата транплантација на срце во земјава, на Државната клиника за кардиологија во Скопје,објавија Клиниката на својата страница на Фејсбук.

Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце. Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи прва трансплантација на срце. Нашите врвни стручњаци на чело со проф. д-р Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо, испишаа историја. Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност, победи хуманоста и љубовта. Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата „Живот”, објави ЈЗУ Државна кардиохирургија.

На трансплантацијата работеше тим од тројца кардиохирурзи под водство на Проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, Проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување, воедно и Национален координатор за трансплантација.