18-годишната девојка која починa од Ковид била бpeмена и имала koморбидитети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

18-годишната девојка од Гевгелија која почина од компликации поврзани со ковид-19 е најмладата жртва денеска. Таа била бремена во седми месец и имала коморбидитети, тешко срцево заболување и страдала од редок генетски синдром, објави порталот Сакам да кажам.

Директорот на Гевгелиската болница Димитар Крџев за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека целото нејзино семејство било позитивно на ковид-19 и дошле во болницата со силно развиени симптоми. Тие се противеле на хоспитализација, но со оглед на тоа што сатурацијата на 18-годишничката била намалена, таа била задржана 24 часа во Гевгелиската болница. Немало подобрување и била донесена одлука да биде итно пренесена на скопските клиники каде што по три дена починала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This