дома Европа ДОЈАВА ЗА БОМБА ПРЕД ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ:

ДОЈАВА ЗА БОМБА ПРЕД ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ:

Пет метро станици, повеќето во центарот на градот, беа затворени во Киев по дојава за поставена бомба за која се покажало дека е лажна.

„Станиците се проверени и отворени за патниците. Не се пронајдени експлозивни направи“, соопшти киевската градска служба, која управува со метроата.

Во Киев вечерва се игра финалето на Лигата на шампионите во фудбал, помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.