дома Македонија ДОЈДЕ ВРЕМЕ КОГА Е ГPEB ДА КАЖЕШ ДЕКА СИ МАКEДОНЕЦ: Власта барала...

ДОЈДЕ ВРЕМЕ КОГА Е ГPEB ДА КАЖЕШ ДЕКА СИ МАКEДОНЕЦ: Власта барала суспензија на на Стојанче Стоилов!?

Ситуацијата околу ракометарот Стојанче Стоилов на нозе ја крена јавноста во Македонија.

Најпрво неговото напуштање на настанот за избор на спортист на годината, па и одлуката на новинарот на МРТ 2 да не го коментира по неговото презиме на СП.

Според поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, негов личен избор да го истакнува патриотското чувство на јавен настан.

„Трендот во Македонија е сега да е грев да се кажуваш како Македонец. До таму е дојдено тоа, да тие спортисти стануваат трн во око на одредени владини првенци да бараат суспензија и да ги негираат тотално“, истакна Пандов во „Отворено“ на Алфа.