дома Социјални Мрежи ДОЈДЕ ,,ЖИВОТОТ” ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ПРАСКА: Историски најниско ниво на откупни цени...

ДОЈДЕ ,,ЖИВОТОТ” ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ПРАСКА: Историски најниско ниво на откупни цени на праската

Изминативе година и половина земјоделството е во тотален хаос, откупните цени не можат да ги покријат ни производствените трошоци, земјоделците не можат да најдат пласман за своите производи, а владата не прави ништо. Вртоглавиот пад на откупните цени е евидентен, а за ваквата состојба земјоделците како и опозицијата директно ја обвинуваат власта на СДСМ.

Имено пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на својот Твитер профил објави фотографија од флуктуацијата на цените на праската во изминатите 4 години и направи компарација на цените на праската во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Цената на праската во времето на ВМРО-ДПМНЕ нема паднато под нивото од 7 денари по килограм, а сега во 2018 година достигна историски најниско ниво од катастрофални 2 денари по килограм.

-Тоа е тој живот за сите што Ви го ветуваа шарените платеници и пучисти, Павле Богоевски и Ивана Туферџиќ, вели Стевананџија на Твитер.