дома Македонија ДОЈДЕ ЖИВОТ ЗА KOДОШИTE: Владата ќе ја пoништи лустpaцијата и ќе ги...

ДОЈДЕ ЖИВОТ ЗА KOДОШИTE: Владата ќе ја пoништи лустpaцијата и ќе ги обeштeти koдошите

Тајните соработници на Службата за државна безбедност, кодошите, од партијата на власт добија прошка, а од џебот на граѓаните ќе бидат и финансиски обештетени.

Имено, Владата во заминување продолжува да ја оштетува државата, па ги повикува оние кои беа прогласени за кодоши да поднесат тужба против Република Македонија.

Владата на денешната седница го усвои предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни.

Станува збор за Предлог – закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

По сила на овој закон во целост стануваат ништовни сите правни акти, дејствија и мерки донесени односно преземени од Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи.

Оштетените лица од донесени акти и одлуки на Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи или нивните наследници, доколку тие се починати, имаат право на надомест на штета со поднесување на тужба пред надлежен суд против Република Македонија, согласно одредбите од Законот за облигационите односи, во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон, стои во соопштението.

Во врска со оваа владина одлука, се огласи и премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Оваа Влада продолжува да исправа неправди! Нарачаните процеси од така наречената лустрација ќе останат само лоша меморија од времето на режимот. На денешната редовна седница го утврдивме текстот на Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, нашиша меѓу другото Заев на својот Фејсбук профил.