дома Македонија ДОЈЧЕ ВЕЛЕ: Метла ќе ,,јадат” околу 25 државни функционери

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ: Метла ќе ,,јадат” околу 25 државни функционери

Околу 25 директори на јавни претпријатија, државни акционерски друштва, дирекции, агенции, фондови и инспекторати ќе промени премиерот Зиран Заев со најавената „метла“ која се подготвува за средината на јуни, дознава Дојче Веле од внатрешни извори. Покрај тоа, бројот на променети министри треба да биде од четири до шест раководители на владини ресори.

Акцентот е ставен на економските ресори, но се бараат и кадровски решенија за министерставта за култура и за земјоделие, како и за новоформираното за политички систем и односи меѓу заедниците.

Засега имињата на оние кои ќе бидат paзрешени и на оние кои ќе дојдат на нивно место се непознати, но Заев веќе изјави дека знае кои лица би ги поставил на позициите што ќе бидат подложени на промени.