дома Македонија ДО КРАЈОТ НА ОВАА ДЕЦЕНИЈА СЕКОЈ КОРИСНИК НА ИНТЕРНЕТ ЌЕ ИМА МОЖНОСТ...

ДО КРАЈОТ НА ОВАА ДЕЦЕНИЈА СЕКОЈ КОРИСНИК НА ИНТЕРНЕТ ЌЕ ИМА МОЖНОСТ ЗА ПРИСТАП ДО 5G МРЕЖАТА: Се очекува дека 5G мрежата најнапред ќе се имплементира во градот Скопје

Националниот оперативен бродбенд план (NOBP) во Македонија се усвојува во кој една глава целосно се однесува на воведување на 5G мрежата.

Агенцијата за електронски комуникации активно учествува во изработката на NOBP особено во делот за 5G мрежата. NOBP е изработен врз основа на документите на Меѓународската унија за телекомуникации.

Според NOBP предвидени се три основни фреквенциски опсези во кои ќе се имплементира 5G мрежата. Првиот фреквенциски опсег е 700 MHz (694-790 MHz), вториот фреквенциски опсег е 3.6 GHz (3.4-3.8 GHz) и третиот е 26 GHz (24.25-27.5 GHz). Најпрвин имплементацијата ќе се случи во 700 MHz и во 3.6 GHz, додека имплементацијата на 5G мрежата за 26 GHz ќе се случи подоцна, односно кога побарувачката за интернет во Македонија ќе биде зголемена. Моментално Законот за електронските комуникации е неутрален во однос на технологии, така што имплементацијата на 5G мрежата секако дека може да се случи и во веќе постоечките радиофреквенциски опсези кои се користат за постоечките технологии, односно за 2G, 3G и 4G (800 MHz, 900 MHz, 1800 MHz и 2100 MHz).

Според динамиката на NOBP се очекува до крајот на 2023 година најмалку еден голем град во Македонија да биде покриен со 5G сигнал, до крајот на 2025 година главните патни правци во Македонија да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал, до крајот на 2027 година сите градови во Македонија да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал, и до крајот на 2029 година секој корисник во Македонија да има можност за пристап до интернет преку 5G мрежата со минимална брзина од 100 Mbps.

Се очекува дека најнапред во Скопје ќе се имплементира 5G мрежата од причина што побарувачката за интернет е најголема во овој град. Двата мрежни оператори веќе се во фаза на тестирање на 5G мрежата и имаат изградена 5G тест мрежа која е независна од комерцијалните мрежи на повеќе локации во Македонија.
Се ова се мисли на Урбаните, руралните и полу урбаните места. Агенцијата за електронски комуникации им овозможи привремени одобренија за 5G тест мрежите во фреквенцискиот опсег 3.6 GHz.