Драганчо Саботковски во интервју за Инфомакс: Општина Могила е во kaтастрофална состојба и со огромни долгови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новоизбраниот градоначалник на општина Могила Драганчо Саботковски уште првиот ден од стапувањето на градоначалничката функција се соочи со последиците од недомаќинското работење на претходниот градоначалник. Саботковски наследи бројни неплатени сметки и огромни долгови, са само три дена по изборите била исклучена струјата во општинската зграда поради неплатен долг.

Саботковски во интервју за Инфомакс открива детали за состојбата во која ја затекнал општината, проблемите со кои се соочуваат жителите, како и планираните проекти кои треба да ги започне до крајот на годинава.

ИНФОМАКС: Во каква финансиска кондиција ја наследивте општината?

Саботковски: Буџетот на општина Могила за жал е во катастрофална состојба, јас практично го наследив со само 695.751 ден на сметката, а долговите се огромни. Општината ја презедов со долг од 14.751.579 денари, кои се доспеани обврски. Деновиве пристигнуваат дополнителни обврски согласно актуелни договори кои треба да се исплатат до крајот на годината. Само за еден проект кој е во фаза на реализација потребни се 16.143.480 денари кој целосно ќе биде финансиран од Буџетот на општината. Што значи над 30 милиони денари е сериозен долг за општина како нашата. Три дена по избори следуваше исклучување на електричната енергија во општинската зграда поради неплатен долг, што е показател на недомаќинското работење. Уште еден показател на лошото раководење е извршната наплата од 1.300.000 ден. на денот на примопредавањето на градоначалничката функција. Ова предизвика дополнителен проблем со што општинската администација остана без плата за месец октомври. Не се исплатени ни паушалите за пет месеци за предходните членови на Совет на општина Могила. Блокирани сметки на училишта и куп проблеми кои се таложеле.

ИНФОМАКС: Кој е најгорливиот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Могила и како ќе го решите?

Саботковски: Најгорлив проблем за граѓаните на општина Могила е инфраструктурата.
Освен во село Могила, во останатите населени места во општината не е изграден канализационен систем. Во моментот општината располага со проектна документација за 2 населени места: Ивањевци и Добрушево, за чија изведба се потребни средства во износ од 67.366.890 денари. Општина Могила располага со ограничен буџет, и не може да ги обезбеди овие средства за да се реализираат овие проекти. Потребни се меѓународни фондови и повици на кои ќе аплицираме за добивање средства за реализација на овој капитален проект. Во програмата предвидовме изработка на проектна документација за изгрдадба на канлизациона мрежа и во другите населени места.

ИНФОМАКС: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ им посочи на сите нови градоначалници дека во првите 100 дена треба да отпочнат три капитални проекти, кој ќе бидат вашите три капитални проекти во Могила?
Саботковски: До крајот на годината ќе завршат градежните активности за изградба на главната улица во Могила која претставува артерија на сообраќајната мрежа во Могила. Реконструкцијата опфаќа комплетна изработка на коловозната лента, изградба на тротоари од двете страни и атмосферска канализација. Во самата изведба предвиден е и кружен тек. Денес стапив во контант за обезбедување дополнителни средства и проширување на проектот за да почнеме со изградба на главен доводен цевковод за водоснабдување на селата: Беранци, Долно Српци, Вашарејца, Лознани, Ивањевци, Подино, Свето Тодори и Трновци, вклучувајќи ја и зоната Петилеп и нивно поврзување на градскиот водовод од Битола. Многу значаен проет за жителите на општина Могила е индустриската зона Петилеп. Потребно е инфрастуктурно да се уреди индустриската зона за да може да профинкционира. Дел од парцелите се веќе продадени, со инфраструктурното уредување ќе создадеме услови да привлечеме инвеститори, што би значело отворање на нови работни места.

ИНФОМАКС: Се откажавте ли Вие и вашите соработници од привилегиите кои ги носи функцијата?
Саботковски: Нема да користам службено возило, општина Могила располага со само еден автомобил кој ќе остани да го користит службите за работа на терен и поголема достапност на граѓаните. Со моите соработници се откажавме од привилегиите на функцијата, ќе работиме чесно, посветено, домаќински и одговорно, непотребните трошоци ќе ги сведеме на нула.

ИНФОМАКС: Кој проект од вашата програма сметате дека е од суштинско значење за граѓаните?
Саботковски: Еден од проектите кој би го издвоил е изградба на преработувачки капицетет за земјоделски производи. Моите сограѓани се занимаваат со земјодество и ова е од суштинско значење за своето земјоделско производство да го пласираат како финален производ. Со привлекување на инвеститори и стимулирање со ослободување од давачки кон општината, сметам дека ќе биде реализиран во најбрзо време. Уште еден проект кој е од суштинско значење, а како родител не можам да не го спомнам, е изградба на градинка во село Могила. Покрај образовната улога важна е и социјализацијата на децата. Важно е да направиме нешто за идните генерации, да создадеме подобри услови за сите, затоа уште веднаш почнуваме да ја остваруваме нашата заедничка иднина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This