ДРАГИ РАШКОВСКИ ОТСТРАНЕТ ОД МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ: Рашковски повеќе не е член на бордот на директори на Македонски Телеком, се води ли истрага против него?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на владата Драги Рашковски е заменет од позицијата член на одборот на директори во Македонски Телеком, откако за неговото работење во јавноста беа изнесени низа на афери и сомненија за кримнал направен заедно со неговиот кум

 

Владата на Република Македонија на денешната 48. седница донесе и неколку кадровски решенија и именуваше неколку нови директори на државни инспекторати. Меѓу новите кадровски решенија е и она за отстранувањето на Драги Рашковски од бордот на директори во Македонски Телеком.

Неговото место ќе го завземе Тања Чачарова Илиевска.

Претходно Рашковски беше во фокусот на јавноста поради низата на афери и скандали со незаконско работење на службата на генералниот секретаријат. Имено, Рашковски беше обвинет дека заедно со неговиот кум фалсификувале владини документи за назначување на функционери во владата на Р.Македонија, како и вработување на низа на членови на семејството на Заев, Рашковски и неговиот кум.

Инаку, кумот на Рашковски работи како адвокат кој го доби тендерот за водење на правните работи на владата веднаш по преземањето на власта од страна на СДС, иако Владата има сопствена правна служба.

Рашковски стои и позади аферата со низа на фалсификувани документи, кои биле рачно доработувани и анти-датирани.

Зоран Заев најави истрага за двајца функционери од неговата влада, но сеуште е непознато дали Рашковски е еден од нив.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This