дома Хроника ДРАМА ВО ОХРИД: Ги претекнале, па поради тоа ја извадиле девојката од...

ДРАМА ВО ОХРИД: Ги претекнале, па поради тоа ја извадиле девојката од кола, а возачот го нападнале

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (27) од Охрид и непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 27.01.2018 година Д.К.(23) и И.А. (24) со нивното возило го престигнале возилото кое го управувал првопријавениот.

Тој потоа им се доближувал, а кога Д.К. и И.А. застанале со возилото, непознатото лице насилно ја извадил Д.К. од возилото, додека првопријавениот со безбол палка започнал да удира по нивното возило, а потоа физички го нападнал И.А.