дома Сцена Драма во семејството Шаулиќ – Најстариот син на Шабан прави проблеми околу...

Драма во семејството Шаулиќ – Најстариот син на Шабан прави проблеми околу имотот, Гоца се држи за глава

Најстариот син, Роберт кого трагишно загинатиот фолкер го доби од вонбрачна заедница, се противи на продажбата на вилата на Дедиње која зад себе ја остави неговиот веќе покоен татко.

Роберт како рамноправен член на семејството како што дознаваат српските медиуми, одлучил да се бори за делот кој што му припаѓа, поради што вдовицата на

Шабан морала да прекини со продажбата на луксузната недвижнина која вреди милион евра.

-Роберт е толку одлучен да земе она што му припаѓа, дури што изнајмил адвокат, кој што инсистирал на тоа дека вилата не може да се продаде додека не заврши процесот на поделба на имотот, открива извор близок до најстариот син на Шабан, пренесува Ало.рс.

-Јас ќе земам она што ми припажа. Зошто да не го земам она што ми следува? Јас сум рамноправен со останатите деца на Шабан и нема да се откажам од наследството, наводно истакнал Роберт.

Инаку, Роберт после смрта на Шабан се откажал од наследството, но во меѓувреме се предомислил.