дома Хроника Драма во Скопје: Повеќе млади лица се степале во Центар – интервенирала...

Драма во Скопје: Повеќе млади лица се степале во Центар – интервенирала полицијата

Физичка пресметка во центарот на Скопје, помеѓу неколку лица евидентирала полицијата во денешниот полициски билтен.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Костурски херои“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Г.(18), Т.Љ.(18) и Б.Б.(18), сите од Скопје, од една страна, и повеќе машки лица, од друга страна.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.