дома Хроника ДРАМА ВО ТЕТОВСКО БРВЕНИЦА: Татко и син се опијаниле па се гаѓале...

ДРАМА ВО ТЕТОВСКО БРВЕНИЦА: Татко и син се опијаниле па се гаѓале со ловечка пушка!

Во 20 часот и 55 минути во Секторот за внатрешни работи Тетово, 77-годишниот С.Г. од селото Брвеница се пожалил дека неговиот син, 53-годишниот М.Г. седел и пиел со него дома, а потоа се закарале и се изнервирал, па ја зел својата ловна пушка која ја поседувал со одобрение и испукал два патрона во плафонот.

С.Г. и М.Г. биле приведени во Полициска станица каде било констатирано дека двајцата биле под дејство на алкохол и истите биле задржани до нивно отрезнување.

Со потврда за привремено одземени предмети од С.Г. била одземена ловната пушка.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, и се работи на целосно расчистување на случајот.