дома Балкан Драма кај Приштина: Зacтpeлани две лица во обид за гpaбeж на возило...

Драма кај Приштина: Зacтpeлани две лица во обид за гpaбeж на возило за транспорт за пари

Непознати лица се обиделе да ограбат возило што превезувало пари на патот Приштина-Гњилане, кај езерото Бадовац, а во инцидентот се ранети двајца учесници, соопшти вечерва косовската полиција.

Полицијата се сомнева дека разбоjниците пукале во возилото за транспорт на пари, а откако не успеале во намерата избегале од местото на настанот. Двете ранети лица се превезени во болница, велат од косовската полиција, пренесува Бета.

На местото на инцидентот се излезени сите ресорни полициски сили и се преземаат истражни мерки за расветлување на случајот.