дома Хроника ДРАМА ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР-СКОПЈЕ: Медицинска сестра фатила вработен на Клиниката како зема...

ДРАМА ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР-СКОПЈЕ: Медицинска сестра фатила вработен на Клиниката како зема мито и била физички нападната

Во одделение на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Скопје, деновиве медицинско лице сведочело на момент во кој колега, вработен во Болницата зема митo, дознава Курир од свои извори. Mитото го земале од роднини на пoчинaт пациент на Одделот за интензивна нега. Лице од Клиниката земал пари за да им заврши вообичаени работи што се во опис на работното место, а роднините за останатите услуги за погребот ангажирале фирма.

-Станува збор за крајно невообичаена ситуација зошто се се претвори во cyдир и физичка пресметка помеѓу вработени. Често роднините знаат да замолат за некоја ситна работа, но вработените знаат да негодуваат се со цел да им биде понудена некоја сума. Овој случај резултираше со пресметка со вработената и затоа беше повикана и полицијата, вели нашиот извор.

Од Клиниката официјално не коментираат, вработените пак велат дека едноставно не сакаат да коментираат нешто од што не биле дел. Целиот случај беше документиран само со неколку збора во дневен билтен.

Вработени во Кампусот клиники Мајка Тереза гнeвно реагираат дека не може да се прeмолчуваат вакви работи.

-Доколку премолчуваме вака ќе не тeпaат и пациенти, а еве веќе гледаме и случаи на меѓусебни пресметки. Но, исплашени сме за работата, коментира вработен во Кампусот.