дома Занимливости Драма на свадбата на Вељко и Богдана, дедото на младоженецот завршил во...

Драма на свадбата на Вељко и Богдана, дедото на младоженецот завршил во болница

Таткото на Цеца Ражнатовиќ, дедото на Вељко, морал да ја напушти свадбената веселба поради здравствени проблеми.

Српските медиуми откриваат дека на дедо Слободан Величковиќ му се слошило за време на веселбата.

Според нивните информации, тој бил приморан да ја напушти свадбата бидејќи имал силни болки и се чувствувал лошо. Ден по свадбата бил примен во Ургентниот центар.

-Слободан се чувствуваше лошо на свадбата, не можеше да стои од болки, но на почеток не сакаше никого да вознемирува за да не ја расипува веселбата. По граѓанската венќавка сакаше тивко да ја напушти веселбата и го замоли возачот да го однесе дома, вели неименуван извор за „Српски телеграф“.

Истиот извор додава дека следниот ден на дедото уште повеќе му се слошило.

-Го однесоа веднаш во Ургентен центар. Не би отишол во болница да не го натераше Цеца. Утврдила дека има тешко воспаление на целиот организам и дека му се случил сериозен колапс. Докторот кој го примил, кој инаку е семеен пријател, изјавил дека Слободан има воспаление на цревата, желудникот, панкреасот. Покрај ова имал и висока температура, истакнува детали изворот.

По неколку дена поминати на испитување, дедото на Вељко бил пуштен на домашно лекување.