дома Македонија Државата веќе нema пpoстор за задолжување

Државата веќе нema пpoстор за задолжување

Главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора за економски прашања, Зоран Јовановски, предупредува дека Владата веќе нема простор за големи задолжувања, пренесе Фактор.

„Податоците покажуваат дека во март годинава споредено со март 2020 покажуваат дека бројот на вработени во приватниот сектор се намалил за околу 32.000 лица или за 5 отсто. Најголем удар претрпе транспортот со пад на вработеноста од 21 проценти, туризмот и угостителството од 20 и градежништво со 6 проценти.

Она што е важно е дека ова ќе потрае. На крајот од годинава нема да бидеме како на крајот од 2019, затоа ќе биде многу важно што ќе се прави оваа година и во периодот што ќе следи. Но во досегашниот период беше полесно да се обезбедат финансиски средства, постоеше меаневераски простор за задолжување, но за наредниот период ќе биде потребна голема внимателност“, оцени Јовановски.