дома Политика ДРЖАВАТА НЕ ЧИНЕЛА, А ТОЈ МОТОР, АВТОМОБИЛ, ХАЦИЕНДА: Нелоски му го покажа...

ДРЖАВАТА НЕ ЧИНЕЛА, А ТОЈ МОТОР, АВТОМОБИЛ, ХАЦИЕНДА: Нелоски му го покажа местото на Богоев!

Доволно е Богоев да одговори на две прашања: прво ако е толку мизерија државата каква што тој ја опишува како се стига до 3 автомобили, мотор, 4 стана и една куќа хациенда колку што поседува најтесното семејство Богоев и второ како во време на “режим” портпаролот Петре Шилегов успеа да купи два нови стана во кеш од 150.000€, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на УМС, Владимир Нелоски.

-Денес од Богоев видовме нова епизода од серијалот во продолжение наречен “Кога крадецот вели држете го крадецот”. За да не се мачи премногу, доволно е Богоев да одговори на две основни прашања, не треба повеќе: прво ако е толку мизерија државата каква што тој ја опишува како се стига до 3 автомобили, мотор, 4 стана и една куќа хациенда колку што поседува најтесното семејство Богоев и второ како во време на “режим” портпаролот Петре Шилегов успеа да купи два нови стана во кеш од 150.000€ ?
Очигледно и Богоев, а и другите од СДСМ отпочнуваат со задача и мисија за спас на политичката кариера на нивниот лидер Заев кој ги загуби изборите. Не е тоа лесна задача особено не по толку ветер во грб со истурени пари, поддршка од СОРОС и неговите кловнови, надворешни влијанија, а сепак поразени од народот и со загубени избори. Овие лаги не проаѓаат. И со овие измислици и со цела надворешна логистика и пари, пак ги изгубивте изборите, напиша Нелоски на Фејсбук.